Centar.mk
СВЕТ

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

Жителите на селото Барнам, во англиската област Сафолк, одржаа симболично гласање на кое мнозинството се изјасни за барање посебен статус надвор од вообичаената административна рамка на Велика Британија. Од вкупно преброените гласови, 257 биле за предлогот, 16 против, а едно гласачко ливче било неважечко.

Гласањето е организирано како протест против владините планови поранешна воена база во близина на селото да се користи за сместување на околу 930 баратели на азил. Британските власти нагласуваат дека за користењето на конкретната локација сè уште нема конечна одлука.

Резултатот од гласањето нема законска сила и не значи дека селото може еднострано да се отцепи од Велика Британија. Станува збор за симболична форма на политички протест, со која жителите сакаат да привлечат внимание кон плановите за сместување на барателите на азил.

Можеби ќе ве интересира

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА – Истрага за можно оддавање доверливи информации на партијата на Марин Ле Пен

ДЕСК

УДАР ВРЗ СВЕТСКИОТ ТРАНСПОРТ НА НАФТА – Сè помалку бродови минуваат низ Ормускиот Теснец

ДЕСК