Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар 1.

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m².

Од среда и во деновите потоа ќе се задржи постудено, но стабилно и суво време.

Прогноза за 01.11.2026
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 02.11.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 03.11.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК