Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВО: Судир меѓу „пежо“ и минибус на МВР

На 16.04.2026 во 06:40 часoт во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово – с.Јажинце со локален пат за с.Теарце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Х.М. од с.Теарце, тетовско и минибус „цитроен“, сопственост на МВР, а управуван од Д.С.(49) од с.Јегуновце, тетовско.

Во несреќата со телесни повреди се здобила Х.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК