Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека продолжува со политиките поврзани со поранешното раководство на партијата.

Во соопштението, од партијата наведуваат дека нема тајни деловни врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, туку дека станува збор за официјална соработка меѓу државите, заснована на договори и партнерства на европско ниво.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче треба јасно да се дистанцира од, како што наведуваат, спорните практики од минатото раководство на СДСМ и да се фокусира на реформите во партијата.

– Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално. Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да ја оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Воедно, од партијата посочуваат дека надлежните институции треба да ги разгледаат сите информации кои се појавуваат во јавноста и да постапуваат согласно законските процедури.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК

ПОЖАР ВО КУМАНОВО: Изгоре автомобил, неколку лица завршија во болница

ДЕСК