Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК

Филипче: Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК