Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h.

Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 15.04.2026
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 16.04.2026
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 17.04.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 25°C

Претежно облачно, со услови за краткотраен локален дожд во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК