Гласањето на парламентарните избори во Унгарија заврши во 19:00 часот, а податоците од Националната изборна канцеларија покажуваат значителен одѕив на гласачите. До 18:30 часот, на избирачките места излегле 77,80 проценти од запишаните, односно 5.856.515 граѓани од вкупно 7.527.742 со право на глас.
Оваа излезност се смета за една од највисоките во последните изборни циклуси, што укажува на зголемен интерес кај граѓаните за политичките случувања во земјата.
Актуелниот премиер Виктор Орбан, кој веќе 16 години е на власт, се соочува со сериозен предизвик. Неговиот главен политички противник е Петер Маѓар, поранешен соработник, кој сега ја предводи партијата Тиса. Според последните анкети, токму оваа партија има предност во пресрет на конечните резултати.


