Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 13.04.2026
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 14.04.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 15.04.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +