Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во трага на крадци на компири – вреќите со компирите се вратени, вината призната!

На 28.11.2025 година во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода тројца жители на Струмица на возраст од 40, 34 и 31 година. Лицата се сомничат дека ноќта на 27/28.11.2025 година извршиле кражба на поголем број вреќи со компир од товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано во Струмица и е сопственост на лице од село во тетовско, соопшти СВР Струмица.

Во просториите на СВР Струмица бил повикан и 38-годишен струмичанец, кој исто така се сомничи дека заедно со другите го сторил делото.

Со сите лица биле извршени службени разговори, при што го признале делото. Од двајца од нив биле одземени 160 вреќи со компир, кои биле украдени при извршувањето на кражбата и веднаш им биле вратени на сопственикот.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК