Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци е резултат на лошите политики на Владата

– Сакам јасно да им порачам на пензионерите, хаосот што се случува во пензискиот систем, хаосот што се случува во пензинскиот фонд, нестабилноста во пензискиот фонд кој ВМРО ДПМНЕ ја создаде за само годинаипол владеење, неизвесноста за тоа дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци се резултат на лошите политики, на лагите на манипулациите на премиерот и владата на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, изјави Венко Филипче претседател на СДСМ на денешната прес конференција.

– Поради своите манипулативни камбарски ветувања и мерки, тие пензискиот систем го донесоа на работ на оддржливост. Ние предупредувавме, велевме дека е потребно да се приддржуваат кон законското решение, кое што беше за владеењето на СДСМ. законско решение кое што беше логично, кое обезбедуваше доволна сума на пари за зголемување на пензиите континуирано согласно зголемувањето на трошоците на живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата, за да пензионерите живеат достоинствено така како што заслужуваат пензионерски, затоа што целиот живот плаќале придонеси во пензискиот фонд, а владата донесе несоодветно, и ќе видиме сега со одлуката на Уставниот суд – многуверојатно, против уставно решение, односно против уставен закон, истакна Филипче.

ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +