Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Две апсења во еден ден: еден го чекал затвор, друг го барала Германија!

На 28.11.2025 година во 21:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар на улицата „Васил Василевски“ во Гостивар, согласно судска наредба за издржување затворска казна, привеле 26-годишен гостиварец кој се барал за издржување на казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

Истиот ден, на 28.11.2025 година во 17:40 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол привеле 49-годишен тетовец кој бил баран за одземање моторно возило (рентакар) во Република Германија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК