Centar.mk
РЕГИОН

Американската амбасада издаде предупредување за Албанија

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групите поврзани со Иран би можеле да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.

„Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие исто така може да таргетираат вообичаени локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги поттикнуваме граѓаните на САД да бидат претпазливи“, се вели во соопштението на амбасадата.

Амбасадата на САД им советуваше на своите граѓани кои живеат во Албанија да бидат внимателни и да ги следат локалните медиуми за новости.

„Бидете свесни за вашата околина и прегледајте ги вашите лични планови за безбедност и држете го мобилниот телефон наполнет во итен случај“, се вели, меѓу другото, во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

ДЕСК

СРБИЈА ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЦЕНИ – Октомвриските резултати се важни за извозниците

ДЕСК

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН – Интернет измамите, миграцијата и корупцијата во фокусот

ДЕСК