Centar.mk
фото скриншот/МВР
РЕГИОН

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА – Уапсени шест лица, идентификувани и заштитени девет деца

Во Србија се уапсени шест лица во рамките на меѓународната полициска операција „Мозаик“, насочена против сексуалната злоупотреба и искористување на деца преку интернет. Според српското Министерство за внатрешни работи, во пошироката акција биле идентификувани и заштитени девет малолетни жртви, а полициите на земјите учеснички утврдиле идентитет на вкупно 48 осомничени лица.

Во рамките на операцијата биле спроведени 42 претреси. Српската полиција постапувала во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор, каде што била пронајдена компјутерска и друга електронска опрема со материјали поврзани со сексуално искористување на деца.

Според сомневањата на истражителите, дел од осомничените користеле лажни профили за воспоставување контакт со малолетници и прибавување чувствителни фотографии и видеа. Акцијата се спроведувала преку европската платформа EMPACT, со соработка на полициите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска и поддршка од Европол. Надлежните ги повикуваат родителите да пријавуваат сомнителни контакти и уцени на интернет.

Можеби ќе ве интересира

НЕОЧЕКУВАН МОМЕНТ НА ЕВРОПСКИОТ СОСТАНОК – Еди Рама го прегрна белгискиот премиер среде изјава за новинарите

ДЕСК

ХРВАТСКА СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОТРОШУВАЧКИТЕ КРЕДИТИ – Законските измени стапија во сила

ДЕСК

СРБИЈА ПРЕД НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ – Распишувањето се очекува до 27 ноември

ДЕСК