Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Валандово: Возач со 1,78 промили и патник со марихуана – уапсени на „Првомајска“

Ноќеска (13.11.2025) во 00:08 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода лице(32) и лице(28), двајцата од с.Миравци, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта. Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против едното лице ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +