Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во локал во Гостивар

На 12/13.11.2025 во периодот од 23:20 до 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Одделот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Трудов инспекторат, извршија контрола во угостителски објект во трговски центар на ул.„Илинденска“ во Гостивар.

Притоа, во објектот е затекната и приведена лице(43) од Албанија затоа што го злоупотребила туристички престој, односно престојувала спротивно на целта. Исто така, приведен е и лице(62) затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +