Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Зимата чука на врата – температурите паѓаат под нулата наутро! Детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Прогноза за 14.11.2025
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 15.11.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.11.2025
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 18°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК