25. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се расправаат, целиот систем се распаѓа

-Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала, велат од СДСМ.

„Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните.

Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел – повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот.

Граѓаните секој ден гледаат – наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции.

Здравството во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата заглавена. Плати за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула. Не постои ниту еден реален чекор во корист на граѓаните. Владата не работи за народот, туку само за себе.

А парите? Наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури.

Ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата.

Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.