Centar.mk
СВЕТ

Бајден: Нема да го помилувам мојот син Хантер доколку биде осуден

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер доколку биде осуден.

На Хантер му се суди за прекршување на законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.

Запрашан од ABC News дали би ја отфрлил можноста за помилување на Хантер, Бајден одговори потврдно.

Што се однесува до Хантер, тој се изјасни за невин по три обвиненија за кривични дела.

Доколку Бајден Јуниор биде осуден по сите точки од обвинението, му се заканува затворска казна до 25 години.

Можеби ќе ве интересира

Човекот кој пукаше на вечерата на Трамп изведен на суд

C +

Рубио ја отфрли понудата на Иран за Ормускиот теснец, Русија нуди посредување во конфликтот

C +

Американски функционер: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за завршување на војната

C +