Centar.mk
СВЕТ

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

Високи функционери на Пентагон составуваат листи на припадници на американските вооружени сили кои би можеле да добијат можност следниот месец да присуствуваат на УФЦ борба во Белата куќа, чиј домаќин ќе биде претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Но, според интерни насоки во кои увид имал Си-Ен-Ен, билети ќе добијат само војници кои ги исполнуваат строгите стандарди за физичка форма.

Во една од интерните пораки испратени до војниците се наведува дека кандидатите мора да имаат однос помеѓу обемот на струкот и висината помал од 0,55, како и да ги исполнуваат сите физички стандарди пропишани за нивната воена гранка.

Овој критериум е дел од новите стандарди на американското Министерство за одбрана, воведени претходно оваа година, со цел подобро мерење на „борбената подготвеност“.

Според податоци од Клиниката „Кливленд“, просечната висина на мажите во САД е околу 175 сантиметри, а на жените 163 сантиметри. Тоа значи дека дозволениот обем на струк за да се исполнат критериумите би бил околу 94 сантиметри за мажи и 89 сантиметри за жени.

Кампања на Пит Хегсет за физичка дисциплина

Министерот за одбрана Пит Хегсет ја ставил физичката подготвеност во центарот на својата политика, нагласувајќи дека американската армија мора да биде во врвна форма.

„Нема да има дебели војници, ниту дебели генерали и адмирали по ходниците на Пентагон“, изјави Хегсет во говор во октомври во базата на маринците Квантико во Вирџинија.

Висок претставник на Министерството за одбрана, запознаен со процесот, рекол дека целта е да се изберат припадници на војската кои „добро изгледаат пред камера“.

Дополнителни услови за избор

Според насоките, приоритет ќе имаат помлади подофицери и офицери, како и војници кои се вистински љубители на УФЦ борбите.

Иако е наведено дека војници од бази надвор од Вашингтон можат да бидат поканети, тие сами ќе мора да ги покријат трошоците за патување.

Претходни контроверзии за селекција на војници

Пентагон и претходно бил критикуван за внимателно селектирање на војници кои се појавуваат на јавни настани со претседателот, со цел да се контролира визуелниот впечаток пред камерите.

Во некои случаи, селекцијата на војници била поврзана и со нивниот изглед и политичка поддршка, според претходни извештаи на американски медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Бакингемската палата знаела за контроверзни бизнис-активности на поранешниот принц Ендрју, откриваат судски документи

C +