Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики.

Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба.

Понатаму, граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека нема иднина во земјата со оваа власт, пензионери кои што знаат и сфатија дека се излажени и дека нема достоинствен пензионерски живот со оваа власт овде во земјата.

Ги повикуваме заеднички во фронтот да се бориме против оваа криминална власт која што го пљачка и последниот денар од буџетот, додека тие уживаат и се богатат на сметка на граѓаните, против оваа криминална власт која што земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите и против оваа криминална власт која што работи за туѓи интереси пред сè српски и руски интереси, сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот. Тоа нема да им помине. Затоа што Македонија повторно ќе биде на исправниот, на правиот пат кон Европа повторно ќе биде демократска, ќе биде слободна и повторно, тука младите ќе ја гледаат иднината.

Можеби ќе ве интересира

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

ДЕСК