Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

Во Скопје биле лишени од слобода двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Едниот управувал мопед и кај него биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, додека другиот управувал патничко моторно возило со исто количество алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во метална ограда.

Во Дебар, возач на патничко моторно возило бил лишен од слобода откако било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,75 промили алкохол во крвта. Тој предизвикал сообраќајна незгода и физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во Крушево бил затекнат возач кој управувал возило без да поседува возачка дозвола, додека во Македонска Каменица било утврдено дека возач управувал патничко моторно возило и покрај изречена активна забрана за управување. Во Скопје, пак, бил лишен од слобода возач кој управувал нерегистрирано возило без да поседува возачка дозвола.

По целосното документирање на настаните, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на законските ограничувања директно ја загрозува безбедноста во сообраќајот и може да има сериозни последици по животот и здравјето на сите учесници.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

ДЕСК