Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h).

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Прогноза за 27.05.2026
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 28.05.2026
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 32°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 29.05.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК

Паркинг-расправија пред маркет во Карпош завршила со напад со тврд предмет

ДЕСК