12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел: Самите ќе одлучиме како ќе го браниме својот народ

Кавид Менцер, портпарол на израелската влада, вели дека правото на Израел да се брани е од најголема важност по иранскиот напад во саботата вечерта.

„Ние во суштина не сме нација која бара војна“, рече Менцер за Би-Би-Си, додавајќи: „Израелците ја поминаа ноќта – мајки, татковци, деца – во и надвор од засолништата во нашата земја. Знаеме дека тираните од Техеран го оркестрираа не само овој напад, туку и масакрот на мојот народ на 7 октомври“.

Тој додава дека на Израел е да одлучи како да го брани својот народ.

Иранскиот ракетен напад врз Израел уследи по нападот врз иранскиот конзулат во Сирија претходно овој месец. Иран соопшти дека се убиени двајца генерали на Револуционерната гарда и пет други офицери и го обвини Израел. Израел не соопшти дека го извршил нападот врз конзулатот, но се верува дека стои зад него.

Иранските власти јавно негираа вмешаност или наредба за нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.