12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Запрашан за пораката на Израел дека ќе даде значаен одговор на нападот на Иран, амбасадорот одговори: „Мислам дека тоа е закана, а не акција“.

„Празна закана?“, беше прашан.

„Тие го знаат тоа. Знаат дека тоа ќе биде наша втора одмазда, па разбираат дека следната ќе биде одлучувачка“, рече иранскиот амбасадор.