25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон по сè што ѝ се случи

Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс првпат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери, каде што запознала две млади сестри, кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.

10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе ѝ ги даде на принцезата, на што таа одговорила – да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според „Пипл“.

Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.