21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Зголемен е бројот на жртвите од нападот во Москва, најави Медведев: „Ќе се одмаздиме, подгответе се копилиња“

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост по терористичкиот напад што се случи во петокот вечерта во Москва во концертната сала „Крокус сити“.

Според последните информации објавени од Рускиот истражен комитет, бројот на жртвите се искачи на 137.

Одговорноста за овој напад ја презеде т.н Исламската држава (ИСИЛ), која објави и фотографии од напаѓачите и наводна видео снимка од нападот.

За масакрот зборуваше и поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.

– Ќе се одмаздиме на секој од нив. А инволвираните, без разлика на земјата на потекло и статус, сега се наша главна и легитимна цел. Само чекајте, копилиња – објави Медведев на Х.