4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова драма во Москва: дојава за бомба во болницата во која се сместени ранетите во терористичкиот напад, евакуирани најмалку 700 луѓе

Во Москва најмалку 700 луѓе се евакуирани од болницата во која лежат жртвите на терористичкиот напад, објави телеграм-каналот Nexta Live.

Каналите блиски до руските безбедносни сили јавуваат дека Националниот медицинско-хируршки центар по Пирогов добил дојава за бомба.

Од зградата се евакуирани целиот болнички персонал и пациентите, според написите.

По последните информации на телеграм-каналот „Шут“, болницата добила писмо во кое се укажува на постоење бомба во нејзините ѕидови. Наводно, на неколку ката биле оставени четири ранци со подметнати експлозивни направи, а тајмерите биле поставени на 40 минути. Оваа застрашувачка закана предизвика паника меѓу персоналот и пациентите, што доведе до итна евакуација, пренесуваат медиумите во регинот.

Службите за итна помош веднаш реагирале и пристигнале на местото на настанот преземајќи ги сите неопходни мерки за испитување на веродостојноста на оваа закана. Според последните извештаи, прашањето што се поставува кај граѓаните е дали оваа пријава е вистинита или можеби е лажна дојава, која предизвика паника кај луѓето.

Медиумите пренесуваат дека со оглед на сериозноста на ситуацијата, целиот персонал и пациентите веднаш се евакуирани од болницата. Оваа итна акција е преземена за да се обезбеди нивната безбедност во случај заканата да биде реална.