17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стопиран новиот закон што му дозволуваше на Тексас да приведува мигранти

Апелациониот суд го замрзна контроверзниот закон за имиграција во Тексас, еден од најстрогите закони донесени од една американска држава во модерното време, јавува Би-би-си.

Одлуката дојде само неколку часа откако Врховниот суд одобри СБ4 да стапи на сила.

СБ4, кој администрацијата на претседателот Џо Бајден го нарече неуставен, ќе им овозможи на локалната и државната полиција да ги уапси и гони осомничените за илегално преминување на мексиканската граница.

Мексико соопшти дека одбива да ги прифати мигрантите депортирани од Тексас според новиот закон.

Одлуката на тричлениот совет во Апелацискиот суд во Њу Орлеанс за петтиот круг за замрзнување на законот е најновата во серијата пресуди за судбината на СБ4.

Ако законот се врати на сила, тоа ќе означи значителна промена во управувањето со имиграцијата, бидејќи до неодамна судовите секогаш одлучуваа дека само федералната влада може да ги спроведува законите за имиграција, а не поединечни држави.

Нелегално преминување на границата со САД е веќе федерално кривично дело, но судовите за имиграција генерално ги третираат овие прекршувања како граѓански случаи, а не како кривични.