10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Одличен советник“: медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за најмногу позиции“

„Одличен советник“, вака севернокорејските државни медиуми ја опишаа ќерката на Ким Џонг-ун, пренесува париски Фигаро.

Во извештајот, заедно со фотографиите на Ким Џонг-ун и неговата ќерка, се наведува дека лидерот на Северна Кореја и неговата ќерка, придружувани од кадри од партијата, владата и армијата, посетиле фарма.

Досега официјален Пјонгјанг никогаш не ја опиша ќерката на севернокорејскиот лидер како таква, а државните медиуми никогаш не ја идентификуваа по име. Сепак, јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека тоа е Ју Ае, второто дете на Ким Џонг-ун.