10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 21 лице загина, а 38 се повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан

Најмалку 21 лице загина, а 38 се повредени во сообраќајна несреќа на југот на Авганистан, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила утрово во областа Герашк во провинцијата Хелманд, на главниот автопат меѓу јужен Кандахар и западен Херат, соопшти полицијата во Хелманд.

До несреќата дошло кога мотоциклист удрил во патнички автобус, кој удрил во цистерна со гориво што доаѓала од спротивната насока, изјави сообраќаен полицаец од Хелманд, пренесе АП.

Од 38 повредени, 11 се во тешка состојба, изјави началникот на полицијата во Хелманд, Хзатулах Хакани.