12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Историска пресуда: Момче уби четворица соученици во училиште во САД, по мајката го осудија и таткото

Итан Крамбли убил четворица соученици во средно училиште во Оксфорд, Мичиген во ноември 2021 година, кога имал само 15 години. Тоа беше само еден од многуте случаи што ги шокираа САД. Повеќе од три години подоцна, судот во Мичиген го прогласи таткото на Итан, Џејмс (47) за виновен за убиство од небрежност, пишува „Sky News“.

Во февруари мајката на Итан, Џенифер (45) беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението за убиство од небрежност. Ова е прв случај кога родителите се обвинети за кривично дело извршено од нивното дете.

Џејмс Крамбли постојано ги игнорирал предупредувачките знаци дека неговиот син е вознемирен. „Тој не побара помош, ниту направи доволно за безбедно да го чува оружјето во семејната куќа“, рече обвинителката Карен Мекдоналд.

Обвинителот ги покажал пораките што Итан му ги пратил на пријател. Во нив јасно кажал дека слуша гласови и дека му треба помош, но бил загрижен дека татко му ќе се налути.

„Го замолил татко му да го однесе на лекар, но тој му дал апчиња и му рекол да ги пие“, додала таа.
„Џејмс не насетувал дека на син му му е тешко“, го бранеше адвокатот таткото на детето.

Во понатамошната дискусија, беше откриено дека наставникот ги нашол цртежите на Итан со пиштол, куршум и крвава фигура. Училиштето ги повикало родителите во училиштето да го однесат нивниот син дома.

Тие го одбиле, и тврделе дека не е така. Подоцна, Итан се вратил на час, извадил пиштол од тоалетот и почнал да пука. Убил четворица врсници, а ранил уште седуммина. Изрекувањето на пресудата за Џенифер Крамбли е закажано за 9 април, додека датумот на пресудата на Џејмс се уште не е познат.