17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хантер Бајден одби да се појави на сослушувањето: Нема да учествувам на карневалскo шоу

Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден, нема да се појави на 20 март на сослушување пред комисијата на Конгресот.

Неговиот адвокат им рече на републиканците во Претставничкиот дом дека „Хантер Бајден ја одбива нивната покана за карневалско шоу“.

Овој одговор до претседателот на Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, беше испратен откако датумот на сослушувањето на Хантер Бајден беше одреден без претходна консултација за неговата достапност и паралелно со закажувањето на сведочењето на некои поранешни деловни партнери на синот на претседателот, кои беа критички настроени кон него, објави весникот „Хил“.

Адвокатот Еби Ловел рече дека повикот на Комер дошол „без претходна комуникација“ и го одредил датумот на сослушување еден ден пред да се појави Бајден пред судот во Калифорнија за обвиненијата за затајување данок.

„Морам да признаам дека сум изненаден од вашето избрзано барање. По повеќе од шест часа сведочење на 28 февруари 2024 година, заедно со сознанието дека вашата истрага се заснова на сплет на заговори на осудени лажговци и обвинет руски шпион, јас мислев дека дури и ќе признаете дека вашата неоснована постапка е завршена“, напиша Ловел.