27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси 100 ракети истрелани утрово од Либан кон Израел

Речиси 100 ракети утринава беа истрелани врз Израел во два одвоени напади од либанска територија.

Израелски извори наведуваат дека во утринските часови биле извршени два одделни ракетни напади од Либан кон северот на Израел. Иако беше објавено дека во нападите биле истрелани речиси 100 ракети, не се дадени информации за евентуални жртви.

Претходно, извештаите рекоа дека израелскиот одбранбен систем пресретнал дел од ракетите насочени кон израелскиот регион Горна Галилеја и окупираната Голанска Висорамнина, додека други паднале на отворени области.

Исто така, израелската војска објави дека извршила напад по полноќ на две одделни локации во Либан за кои се тврди дека му припаѓаат на Хезболах.

Беше наведено дека целните локации се лоцирани во долината Бека и дека целите им припаѓаат на „Воздухопловните сили на Хезболах“.

Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах од 8 октомври минатата година загинаа 241 член на Хезболах, 49 либански цивили, 11 членови на движењето Амал, 12 членови на Хамас, 12 членови на Исламски џихад, шест израелски цивили и 11 израелски војници. .