12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украински беспилотни летала оштетија брод на руската Црноморска флота во близина на Крим

Беспилотни летала на украинската морнарица оштетиле патролен брод на руската Црноморска флота во близина на окупираниот Крим, изјави во вторникот извор од украинската разузнавачка служба.

Украинска Правда, водечки украински медиум, во вторникот објави дека рускиот патролен брод 22160 Сергеј Котов бил погоден од поморски дрон во текот на ноќта.

Андреј Јермак, началникот на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски, во вторникот на Телеграм објави дека „Руската Црноморска флота е симбол на окупацијата. Таа не може да биде во украинскиот Крим“, во очигледна алузија на нападот.

Железничкиот сообраќај е привремено суспендиран на мостот што го поврзува полуостровот Крим со руското копно, соопшти Телеграмскиот канал на функционерот назначен од Русија на Крим.

Сообраќајот на автопатот исто така беше во прекин неколку часа пред повторно да се отвори малку пред 7 часот по средноевропско време, според Телеграмскиот канал на руската администрација што управува со мостот.