12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Одговор на проширувањето на НАТО: Русија воспостави две нови воени зони

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека руската армија формирала две нови воени зони како одговор на проширувањето на НАТО и создавањето нов воен потенцијал на руските граници.

Во својот говор на состанокот со претставници на Министерството за одбрана, Шојгу откри дека руската армија има два нови воени региони.

Тој потсети дека НАТО создаде нов воен потенцијал во близина на руските граници, дека Финска стана членка на НАТО и дека Шведска наскоро и официјално ќе се приклучи на Алијансата.

– Презедовме чекори за зајакнување на военото присуство во северозападните и западните стратешки правци. Создадени се две специјални стратешки регионални воени зони, Ленинград и Москва – рече Шојгу.