17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прв пораз на Трамп: Хејли победи на прелиминарните избори на републиканците во Вашингтон

Републиканскиот претседателски кандидат Ники Хејли победи на партиските прелиминарни избори во Вашингтон, со што ја забележа првата победа во претседателската кампања оваа година.

Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, во неделата го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори бидејќи Хејли победи во Вашингтон.

Хејли ги освои гласовите на сите 19 делегати во Вашингтон.

Таа рече дека ќе остане во трката за републиканска номинација барем за време на прелиминарните избори во вторник во 16 американски држави.

Портпаролката на Хејли, Оливија Перез-Кубас, изјави дека Хејли станала првата жена што победила на републиканските прелиминарни избори.

Вашингтон е упориште на демократите, со речиси 23.000 регистрирани републиканци во градот, забележува американската агенција потсетувајќи дека актуелниот американски претседател е демократ.

Џозеф Бајден победи во округот Колумбија на претседателските избори во 2020 година со 92 отсто од гласовите.

Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, а Хејли има поддршка од 43 делегати.

На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.