12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Писториус го обвинува Путин дека се обидува да ја дестабилизира Германија

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја „дестабилизира“ Германија.

Овие обвинувања на Писториус дојдоа откако Русија на социјалните мрежи објави доверлива размена на информации меѓу германски војници за испорака на оружје за Украина.

– Едноставно ова видео се користи за дестабилизација и поткопување на „единството“ на Германија. Очигледно се работи за поткопување на нашето единство, за внатрешно проширување на политичките поделби и искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети – рече Писториус.

Во објавеното видео, учесниците на разговорот особено разговараат за хипотезата за испораката на ракетите Taurus од германско производство со долг дострел во Киев, што треба да се направи за да им се овозможи на украинските сили да ги користат и каков е нивниот потенцијален ефект.

Германското Министерство за одбрана во саботата ја потврди автентичноста на снимката.

Содржината на снимката е многу засрамувачка за Германија бидејќи Берлин официјално одбива да испорача ракети Таурус на Киев, наведувајќи го ризикот од ескалација на војната.