25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Приведен маж што пукал во стоматолошка ординација во Калифорнија, има повредени

Еден маж е приведен во Јужна Калифорнија во врска со пукањето во стоматолошка ординација, а во кое најмалку три лица се повредени, соопшти полицијата.

Престрелката се случила во градот Ел Кахон, на околу 24 километри североисточно од центарот на Сан Диего.

Полицијата го идентификува осомничениот како 29-годишник со иницијали М. А,, а тој беше приведен неколку часа откако побегна од местото на настанот.