12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Франција нема да испрати свои војници во Украина за воени операции, изјави францускиот министер

Франција нема да испрати свои војници во Украина за воени операции, изјави францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурн.

„Французите нема да умрат за Украина. Нема да испраќаме војници во битка“, изјави Сежурн за француското „Интер радио“.

Францускиот претседател Емануел Макрон по конференцијата за Украина организирана од Париз во понеделникот, 26 февруари, изјави дека западните лидери разговарале за можноста за испраќање војници во Украина и дека не е постигнат консензус, но дека ништо не може да се исклучи.

На ова Кремљ реагира многу жестоко.

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, го предупреди францускиот претседател Емануел Макрон да не испраќа војници на територијата на Украина бидејќи може да ја доживее судбината на војската на Наполеон, пишува „Политико“.