17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп се огласи за смртта на Навални: „Ние сме нација што пропаѓа“

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, објави дека смртта на Алексеј Навални го освести за тоа што се случува во САД, но никому директно не ја препиша одговорноста за смртта на рускиот опозиционер.

„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме направи посвесен за тоа што се случува во нашата земја. Тоа е бавен напредок, со корумпирани, радикално-левичарски политичари, обвинители и судии што нѐ водат по патот на уништувањето“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth.

Тој оцени дека отворените граници, „лажните“ избори и „крајно неправедните одлуки“ на судството ги „уништуваат“ САД.

„Ние сме нација во пад, нација што пропаѓа“, напиша Трамп и го додаде акронимот MAGA2024, што е алузија на неговото политичко мото „Направи ја Америка повторно голема“.

И покрај фактот што американскиот претседател Џозеф Бајден и другите поранешни претседатели, како и највисоките членови на американскиот Конгрес, директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални во затвор во северна Русија, Трамп не го стори тоа.