10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Русија загуби шест воени авиони за три дена“: објави новиот украински генерал

Украинското воено воздухопловство собори уште два руски воени авиона што лансираа ракети врз позициите на украинските сили, изјави началникот на украинската армија, Олександр Сирски.

Во објава на својот канал на „Телеграм“, Сирски тврди дека биле уништени ловците бомбардери „су-34“ и ловците бомбардери „су-35“ не откривајќи ја областа во која биле соборени руските авиони, пренесува „Ројтерс“. Официјален Киев вчера објави дека украинската воздушна одбрана соборила три руски „су-34“ и еден „су-35“ на истокот на земјата.

„За само три дена непријателот загуби шест авиони“, објави денеска Александар Пављук, новиот шеф на украинските копнени сили, на „Телеграм“.

Русија не ги коментира овие тврдења на официјален Киев, а „Ројтерс“ не беше во можност да ја потврди точноста на изјавата од украинската страна.