16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Голем пожар во Франција: Горат 900 тони литиумски батерии

На југот на Франција дошло до голем пожар во фабрика за рециклирање батерии. Горат околу 900 тони литиумски батерии, соопштија француските власти.

– Пожар избувна вчера во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивие, северно од Тулуз – објави локалниот советник Паскал Мазе на социјалната мрежа Икс.

Како што пишува „Ле Монд“, околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола. За среќа, според локалниот функционер Чарлс Џусти, нема опасност за луѓето кои живеат во близина.

Инаку, литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефоните до електричните автомобили, но содржат запаливи материјали кои во комбинација со енергијата што ја складираат може да ги направат подложни на палење кога се изложени на топлина.

Согорувањето на литиумските батерии е потенцијална опасност поради ослободување на токсични материи.

Во издаденото безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар производите во фабриката најверојатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу токсичен и опасен за животната средина. Сепак, се наведува дека токсичните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.