12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена во САД украла полициско возило, удрила во пикап и загинала

Одделот на шерифот на округот Марион во Флорида објави видео од Кендра Бун (33) како краде полициски автомобил. Подоцна, за време на потерата, Бун удрила во пикап, при што, покрај неа, загинале и двајца патници, а уште едно лице е тешко повредено, јавува Си-Ен-Ен.

Според полицијата, полицаецот ја запрел Бун во четвртокот и ја замолил да дојде до задниот дел од полициското возило. Но, кога излегол и тргнал кон неа, таа преку прозорецот влегла во полициското возило, а потоа побегнала.

Полицијата започнала потера, а Бун во еден момент изгубила контрола над возилото и удрила во пикап, при што таа и двајцата патници во другото возило загинале.

„Мојот заменик не направи ништо лошо. Таа влезе низ прозорецот. Видовте колку брзо се случи… Можеше да ми се случи и мене, иако имам 34 години искуство“, рече шерифот Били Вудс за време на прес-конференцијата во петокот.