21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина соработникот на Трамп: Застрелан во центарот на Вашингтон, им подлегна на повредите

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Гил, им подлегна на повредите здобиени при обид да му го украде автомобилот во центарот на Вашингтон.

-Со големо жалење ја информирам јавноста дека мојот сопруг им подлегна на повредите. Неговото ненадејно заминување остави празнина во нашите животи, која никогаш не може да се пополни – изјави неговата сопруга Кристина.

Мајк Гил, татко на три деца, работеше за Комисија за тргување со фјучерси на стоки (CTFC) за време на администрацијата на Трамп.

Тој беше ранет во понеделникот и беше во критична состојба, а денеска им подлегна на повредите.

Полицијата во Вашингтон соопшти дека осомничениот, идентификуван како Артел Канингам (28), отишол до паркиран автомобил, влегол внатре и го застрелал Гил.

Канингам потоа избегал пеш и не успеал да украде автомобил на друго лице еден час подоцна, но другата жртва го пријавила инцидентот во полиција.

Канингам потоа им пришол на жена и на маж во трет автомобил 10 минути подоцна и ги побарал нивните клучеви, пред да го застрела човекот и да побегне од местото на настанот.

Непосредно пред убиството, Мајк Гил работел како постар потпретседател за пазари на капитал во Советот за политика за домување.