17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД воведоа нов пакет санкции против компании и луѓе поврзани со Иран

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави денеска објави дека воведе санкции за компании со седиште во Иран и Хонг Конг за обезбедување материјали и технологија за иранските програми за балистички ракети и беспилотни летала, како и за фирми со седиште во Хонг Конг за продажба на ирански стоки.

Министерството, исто така, соопшти дека вовело санкции за шестмина функционери на Електронската команда на Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран за малициозни сајбер активности против критичната инфраструктура во САД и на други места.

Како резултат на санкциите, замрзнати се сите средства на наведените субјекти и поединци лоцирани во САД или под контрола на САД.