24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Instagram / miladejesusoficial
СВЕТ

Позната инфлуенсерка почина на 35 години, зад себе остави четири деца

Познатата американска инфлуенсерка Мила де Хесус почина на 35-годишна возраст, пишува „Њујорк пост“.

Ѕвездата на социјалните мрежи, која се прослави откако претрпе голема трансформација на телото и драстично ослабна, се претпоставува дека доживеала срцев удар.

Мила е родена во Бразил, но живеела во Бостон. Таа почина само четири месеци откако се омажи за нејзиниот сопруг Џорџ Ковсик. Зад себе остави четири деца од претходниот брак.

Само неколку месеци претходно, инфлуенсерката објави дека боледува од псоријаза, кожна болест која предизвикува осип со чешање и лупење на кожата.

Инаку, пред шест години, инфлуенсерката беше подложена на голема операција за слабеење, а во ноември на својот инстаграм-профил таа сподели нејзини фотографии пред и по процедурата.