17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мал авион се урна врз далековод, настрадаа маж и мало дете

Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во северниот дел на Нов Јужен Велс (NSW) во Австралија, соопшти во вторникот полицијата.

Авионот се урна врз далновод на околу 25 километри западно од градот Графтон.

„Се верува дека две лица во авионот загинале. Полицијата работи на идентификување на патниците во авионот“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.

Како што пишува локалниот портал 9news.com.au, во авионот загинале маж и дете. Авионот се запалил откако удрил во далноводи во Лилидејл, во близина на Графтон, нешто по 8.30 часот.

За жал, авионот се запалил по ударот – изјави инспекторот Арон ван Шеик.

Во соопштението полицијата додава дека ќе соработува со воздухопловните власти во истрагата за околностите на несреќата.