25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ги погоди Филипините: Се очекува цунами да ги погоди оваа земја и Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди во саботата источниот брег на регионот Минданао на југот на Филипините, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

„Земјотресот се случи на длабочина од 32,8 километри, во 22:37 часот по локално време (14:37 часот по Гринич)“, соопшти УСГС.

Властите се уште не објавија информации за жртвите.

USGS, Јапонската метеоролошка агенција и PHIVOLCS – Филипинскиот институт за следење и ублажување на вулкански ерупции, земјотреси и цунами – издадоа посебни предупредувања за цунами за крајбрежните градови во регионот.

Земјотресот се случи неколку часа откако земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Индонезија.