21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Пукање во Лас Вегас: Има ранети

Двајца бездомници се убиени, а тројца се ранети во пукање во Лас Вегас, а полицијата трага по осомничен, соопшти полицијата.

Констатирано е дека тројцата повредени бездомници не се здобиле со повреди опасни по живот.

Како што е соопштено, пукањето се случило во петокот во близина на надвозникот на автопатот во североисточниот дел на Лас Вегас.

Престрелката доаѓа откако полицијата во Лос Анџелес во петокот објави дека трага по осомничениот за пукањето во кое загинаа тројца бездомници во одделни инциденти минатиот месец.