14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху рече: Израел ќе продолжи со нападите врз Газа

Кога ќе заврши привременото примирје, Израел ќе продолжи со нападите врз Газа со полна сила, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во разговор со американскиот претседател Џо Бајден.

Договорот за прекин на огнот треба да заврши вечерва, но постои можност за продолжување.

Имено, Израел нуди продолжување на паузата за 24 часа на секои 10 заложници кои Хамас ги ослободува.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети несомнена поддршка од Германија за Израел.

– Се солидаризираме со Израел. И не само со Израел како жртва на терор. Нашата солидарност е и со Израел, кој се брани, кој се бори против заканата за неговиот опстанок – рече германскиот претседател.

Германскиот претседател посочи и дека е неопходно да се заштитат цивилите во Појасот Газа и да се обезбедат нивните основни потреби.

Штајнмаер нагласи дека со нападот на 7 октомври Израел се нашол во борба за опстанок.

– Никогаш не смееме да дозволиме терористичката организација Хамас да ја постигне својата декларирана цел, а тоа е уништување на Израел – рече тој.